За врската на Цеца и Богдан веќе подолго време се пишува по медиумите. Особено што фолк-пејачката јавно се појави со дечко прилично помлад од неа. Српските медиуми ја раскажаа приказната за бизнисменот Богдан, кој ѝ е дечко на Цеца, ама претходно ѝ бил сопруг на Зорана, сегашната девојка на Саша Ковачевиќ. И така приказна нема крај…кој со кого.
На прашањето што мисли за новата љубовна двојка и во какви односи се бившите сопружници Богдан и Зорана, српскиот пејач Саша Ковачевиќ вели :
„Богдан и Зорана отсекогаш се во добри односи. Не сакам многу да коментирам бидејќи не сакам да навлегувам во туѓ живот. Но искрено, многу ми е драго ако тој и Цеца се заљубени, затоа што тоа е најубавата работа која може да им се случи покрај децата“, рекол Ковачевиќ.
Пејачот повеќе од две години е во љубовна врска со Зорана, поранешна мис и манекенка во Србија. Претходно таа беше во брак со Богдан со кого имаат ќерка, која неодамна беше на зимување на Копаоник со татко ѝ и со Цеца.