Саша Поповиќ негира дека ангажирал фенг шуи експерти

Откако во одделни медиуми се појавија информации дека Саша Поповиќ наводно ангажирал фенг шуи експерти, се огласил и самиот директор на „Гранд продукцијата“, кој наведел дека сето тоа се невистини и обични глупости.

Соопштението на Саша Поповиќ ви го пренесуваме во целост:

„Како одредени медиумите го користат моето име и презиме за пишување невистини и по системот рекла кажала текстови, морам остро да ги демантирам сите наводи што се однесуваат на информацијата за тоа дека сум ангажирал фенг шуи експерти за да се ослободам од, ќе цитирам: ’негативната енергија’. Исто така, недозволиво е дека моето семејство и моето име се доведуваат во врска со какви било, повторно ќе цитирам, ’мрачни сили’, па ја користам оваа можност да ги замолам сите претставници на медиумимте да не пишуваат непроверени, ниту невистинити текстови за моето семејство и за мене. Нагласувам дека живеам целосно нормален живот и ја работам работата што ја сакам и истакнувам дека се навредувам кога во медиумите ќе се појават вакви глупости“, пишува Поповиќ.

 

Scroll to Top