Саша Поповиќ потресен од заминувањето на Предраг Цуне Гојковиќ

By
Директорот на „Гранд“ продукцијата кон семејството упати искрено сочувство.

Пејачот Предраг Гојковиќ Цуне почина денеска на 85 годишна возраст, а тажната вест ги погоди сите оние кои Цуне со години соработувал, и беше близок пријател.

Еден од нив е Саша Поповиќ, кого веста за смртта на неговиот пријател ја дозна надвор од Србија.

„Веста за заминувањето на Цуне, ја слушнав надвор од земјата и многу ме потресе и растажи. Беше голем уметник и сјаен човек“, вели Саша.

„Тажен јулски ден, за сите нас кои имавме можност да се дружиме и да соработуваме со него, но и за сите негови почитувачи на музиката воопшто. Навистина незаменлива загуба. Искрено сочувство до семејството“, изјави Поповиќ.

 

Цуне беше српски пејач на народни песни, староградски, севдалинки, забавни и мексикански песни. За музичкиот архив, Радио Белград сними преку 1000 песни од изворната народна музика од Србија, но и мексикански и евергрин песни.

Добитник е на сите струковни награди и имал најголем статус на заслужен, истакнат естраден уметник.

 

Ќе ви се допадне