Се јави турската глумица Џансу Дере за кои се мислеше дека настрада во земјотресот, „Ја скршив петтата и се опоравувам дома“

Турската глумица Џансу Дере се јави откако голем број од нејзините фанови сметаа дека исчезнала во страшниот земјотрес кој пред повеќе од месец дена ја погоди земјата. Со недели не се знаеше ништо, затоа што Дере не се огласуваше на социјалните мрежи, па многумина помислија на најлошото.

Брзо потоа на интернет почна да се споделува видео во кое наводно се гледа Дере како помага на семејствата на погодените со пакување на пакети и давање помош на повредите кои останаа без кров на глава. Сепак потоа не беше потврдено дека станува збор за Дере, за на крајот и самата таа се јави и ги смири фановите велејќи им дека ја скршила петтата и дека се опоравува дома.

„Не ми беше анмерата некого да загрижам и уплашам. Не ги користам често социјалните мрежи. „Инстаграм“ ми служи повеќе како албум во кои ги споделувам среќните моменти“, рече Дере за „Си-ен-ен: Турк“.

За потсетување, Дере на публиката и е позната од серијата „Сила“ каде ја игра главната улога, а потоа ја можеа да ја гледаат и во „Сулејман Величествениот“. Претходно била и моде и „Мис на Турција“ во 2000 година, а турската влада ѝ забрани да се натпреварува на финалниот избор, затоа што натпреварувањето се одржуваше во Кипар на грчкиот дел Никозија.

 

Scroll to Top