Стиховите од песна на Цеца Ражнатовиќ не се нашле по грешка во книга по српски јазик и книжевност наменета за осмооделенци, тврди Оливера Џикановиќ, главна и одговорна уреничка во издавачката куќа BIGZ.
Таа вели дека авторот на работната книга, Владо Џукановиќ, свесно го одбрал примерот кој на добар начин го отсликува вокативот, и дека нема грешка во изборот, ниту материјална грешка.
Џикановиќ нагласува дека работната книга наменета за петто одделение, која е изработена по новиот план за настава и учење, го одобрил Заводот за унапредување на образованието и воспитувањето без ниту една грешка.
Полемиката за тоа дали стиховите на Светлана Ражнатовиќ прилегаат за таков учебник била покрената на социјалните мрежи по објавувањето фотографија од една задача од учебникот, во која од ученикот се бара да се подвлечат именките во вокатив во стиховите од поезијата и популарната култура.
Покрај стихови од песна на Цеца, наведени се и стихови од песни на Рибља Чорба, Бајага, како и од неколку југословенски групи.