Се запали автомобилот на Леонтина Вукомановиќ, пејачката имаше сообраќајна несреќа

Пејачката и текстописец Леонтина Вукомановиќ доживеала сообраќајна несреќа, наводно и се запалил автомобилот.

Како што пишуваат српските медиуми, Леонтина во утринските часови отишла на белградскиот настан каде требало да биде еден од почесните гости, но нејзиниот автомобил се запалил на сред пат. „Извинете, не сум во состојба да разговарам“, рекла Леонтина кратко по несреќата што и се случила.

Таа неодамна во интервју за „Блиц“ изјави дека 15 години не купила нов автомобил и дека би сакала сама да си го обезбеди.

„Сакам да купам нов автомобил после 15 години. Било кој,  што може да ме пренесе, мене, дете, куче, мачка и зајак. Не стигнав да барам, го посакувам, но не сум се потрудила за тоа. Цените пораснаа, па тоа е она што ме спречува „, рече пејачката.

Леонтина Вукомановиќ последниве години се повлече од јавната сцена и се посвети на работата со деца.

Scroll to Top