Се жени синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ

Вељко Ражнатовиќ ја официјализирал својата врска со Богдана Родиќ, а неговата свршеница го покажа и прстенот што ја краси нејзината рака.

Уште од неговиот роденден се зборува дека Вељко се свршил со Родиќ, но ниту еден од нив не ја потврдил информацијата.

Синот на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на својот профил на „Инстаграм“ објавил фотографија на која Богдана гордо го покажува прстенот.

„Одиме на три, четири, сега, или веднаш? Да“, напишал Вељко.

Освен прстенот, Богдана ја потврдила свршувачката и со коментар на постот на Вељко.

„Животу мој единствен“, напишала таа додавајќи еден куп срценца.

 

Scroll to Top