Со емотивни зборови се простија од него пријателите на Саша Поповиќ кои не и се познати на јавноста, со кои тој минуваше поголем дел од своето приватно време.
„Минатата сабота, додека седевме на нашето омилено место каде што се собиравме секој ден, каде беше и ти среќен и исполнет, каде што стекнуваше сила во храбрата борба што ја водеше со најтешкиот непријател досега, правевме планови што ќе купиме следно, да возиме, каде ќе патуваме. Ниту насетувавме дека денес ќе треба да правиме други планови – како да продолжиме без тебе. Немаме соодветни зборови да ја опишеме твојата човечка големина, твоето срце, душа, енергија, добрина и искреност што ни ги даваше на сите нас и секогаш ги имаше за секој од нас кога ни требаше. Ти благодариме за сите мигови поминати со нас. Беше благослов да те познаваме и да поминуваме време со тебе. Засекогаш ќе останеш во нашите срца и сеќавања. Почивај во мир и нека те чуваат ангелите. Секогаш ќе те сакаат, запомни дека никогаш нема да те заборават: Маре, Боле, Тоза, Коле и Звеки – пишува во емотивната порака.
И неговото семејство се прости од него со потресна порака.
„Последен поздрав до нашиот сакан сопруг и татко. Ти благодариме за сета твоја сила и неизмерна добрина. Ти беше нашата светлина, нашата безбедност, нераскинлив дел од нашиот живот. Благодарни сме што те имаме. Иако повеќе не си со нас, ќе останеш засекогаш во нашите срца и мисли, Сузана, Александра и Данијел – пишува во некрологот.