Дајана Пауновиќ по музичката кариера сјајно се снајде во водителската работа, а како изгледа нејзиниот ден и кој е заслужен за нејзиниот совршен изглед, таа откри во едно нејзино интервју.
Дајана во март оваа година стана водителка на утринската програма на ТВ Пинк и одлично се снајде во таа улога, а бидејќи е мајка на (Душан кој има пет години) и дека сјајно изгледа, се отвори во разговорот во кој зборуваше за секојдневието и воглавно на женски теми.
Како изгледа твојот ден? Тренираш ли?
„Искрена да бидам, нешто малку тренирав и не знам колку тоа ќе ме држи, затоа што инаку не сум спортси тип, иако како дете, тренирав дури и пливање доста долго. Што се однесува до линијата – генетика. Мама ми е слаба, а тато од друга страна не, но засега некако балансирам. И навистина се трудам да не јадам доцна во денот, внимавам што јадам и како стареам се повеќе килажата ја намалувам. Некогаш тоа навистина ми е проблем, со оглед дека имам син кој е хиперактивен, тоа засега добро иде, за иднина ќе видиме.
Но денеска сепак влезе во фармерки број 34?
„34, а подобро бо било да се 36, но за потребите на ова интервју, еве се облеков во 34. Се шегувам, немаше поголем број, она што имаше во продавницата тоа го купив. Така е и со облеката. Кај мене може да се најде облека од бројот 36 до 40. Ако нема број кој го носим, јас го купувам оној кој го има“, искрена беше Дајана.
Дали штиклите би ги заменила со патики од кога стана мама?
„Од секогаш сум во паучи, на рамно, но обожавам и Ugg чизми. Едноставно не можам да го вклопам и детето и штиклите и паркот, воглавно штиклите ги носам само за работа, и кога имам некоја манифестација која треба да се испочитува“, вели водителката.
До неодамна медиумите се занимаваа со твојот приватен живот, а во последно време најчесто се пишува за твојата убвина и објавување на сликите од морето. Дали тоа ти прилега?
„Се разбира дека ми прилега да повеќе не го споменуваат приватниот живот. Искрена да бидам, јас никогаш не давав никакви знаци за разводот, освен големото интервју за еден магазин. Се разбира дека не ми прилега да читам невистини кои секако се појавуваат. Но, тоа е неизбежен дел од оваа работа. Фала богу, тоа сега се е зад мене, и сега навистина уживам и живеам баш како мене ми одговара.
Како се вклопи во Пинк? Дали можеби ќе се вратиш на пеењето, како што се врати и водителката?
„Неколку пати се вратив на работа, но, тоа беше сплет на околности, што никогаш не го дадов својот максимум, ниту нешто подолго ме интересираше тоа и е нешто со кое би се занимавала. Така беше и кога беше музиката во прашање. Засега не планирам да се вратам на музиката, навистина сум горда на сите песни, спотови, и убаво и драго ми е што имам нешто зад себе. Така да засега ништо не би менувала, но не е исклучено да некогаш повторно снимам некоја песна која сигурно би била поп-забавна музика, затоа што музиката просто е дел од мене. Водителството го засакав. И на мое големо задоволство, сега сум на Пинк, презадоволна сум и тоа е една голема компанија која на младите лица навистина им отвора широк спектар на можности“, заклучува Дајана.
Погледнете го целосното интервју со Дајана Пауновиќ: