Селфи на водителката на „Сложувалка“ со „крвавиот“ колега

Марија Вељковиќ на Инстаграм објави на прв поглед застрашувачко селфи, но, во прашање е сепак само убави спомени.

Водителката на „Сложувалка“, Марија ги вчудоневиди обожавателите на Инстаграм, кога објави несекојдневна фотка, со која, некои од фановите дури и ги загрижи, но – само на прв поглед.

Марија објави и фотка со актерот Боки Периќ, на кого неговото лице му беше замачкано со крв, и нималку не беше пријатна слика на прв поглед, доколку не знаете за што станува збор.

„Случајно го вклучив стариот телефон… Ги гледам сликите кои не ги префрлив на компјутер и се насмеав слатко. Оваа слика е од снимањето на серијата „Воена академија“, напиша водителката.

„Боже, јас така нашминкан излегов од дома“, одговори Бојан Периќ, исто така носталгично присетувајќи се на заедничкото снимање.

 

Scroll to Top