Сергеј Ќетковиќ откри како им кажал на ќерките дека се посвоени

Пејачот Сергеј Ќетковиќ ретко зборува за приватниот живот, но во едно од послдните интервјуа зборуваше за ќерките кои со сопругата Кристина ги посвија. Ќетковиќ со години е во брак со Кристина, со која има две ќерки. Љубовта им била толку силна што првиот албум во 2001 година им го посвети на неа и го носи нејзиното име. Двајцата важат за еден од најусогласните парови на естрадата.

Се познаваат од детството, кога не ни насетиле дека судбината ќе ги спои на овој начин. Голема љубов, почитување и внимание беа нешто што ги одржа заедно, а по неколку години борба да добијат дете, на крајот посвоија две девојчиња. Денес сметаат дека тоа им била најубавата одлука која ја направиле.

Од првиот ден на ќерките им подарија неизмерно внимание и љубов и никогаш не се двоумеле да им ја кажат вистината, дека не им се биолошки родители.

„Проблемот и бариерата кај сите луѓе е стравот, што ќе се случи кога децата ќе дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат дека се посвоени“, рече Сергеј и додаде дека од првиот ден ден им зборувале дека постои школо за деца каде со Кристина дошле да ги земат.

„Мораш да го пронајдеш начинот на кој најсликовито ќе им ја пренесеш приказната. Како низ бајка. Луѓето прават грешка кога чекаат до 18 години или слично. Не треба така“, искрен е Сергеј.

Ќетковиќ има јасен став и по прашањето на биолошкото потекло на неговите ќерки.

„Тие знаат сè и ако сакаат да ги запознаат своите биолошки родители, ќе направиме сè што е во наша моќ тоа да се случи. Тоа се нормални работи, немам никаков страв од тоа затоа што никој не може да им биде повеќе мајка и татко од нас двајцата, без разлика на тоа што не сме ги родиле“, рече Сергеј.

„Ние им бевме судени, за нас се родија. Како што и ние се родивме да им бидеме родители. Господ за нас имаше таков план и му благодариме за тоа“, рече Сергеј.

 

Scroll to Top