Сергеј Трифиновиќ: Џоковиќ кога ќе се пензионираш потпиши за ФК Вегетаријанец

Сергеј Трифуновиќ во последно време упати низа критики на сметка на тенисерот Новак Џоковиќ. Актерот го прозва српскиот тенисер по неговиот 1/4 финален меч на Ролан Гарос против Марк Чекинта, кој го изгуби по големата борба и драмата во четвртиот сет.

Трифуновиќ преку Твитер повторно го коментираше начинот на исхрана на Ноле, односно избегнувањето на конзумирање на месо и изнесе дека тоа е она што најмногу прави проблеми во неговата физичка подготвеност и издржливост на теренот.

„Добро дечко, сега на сите ни идеш на нерви. Почни да јадеш месо, остави го карфиолот, алгите, па кога ќе се пензионираш, потпиши за ФК Вегетаријанец“, напишал Трифуновиќ на Твитер.

Ова предизвика низа коментари од страна на други корисници, со кои актерот потоа влегол во дискусија, и понатаму бранејќии го својот став дека спортот и начинот на исхрана на Новак Џоковиќ не можат да функционираат.

Потоа истакнал дека не го гледал мечот, но дека сеедно мисли дека на српскиот тенисер му недостигаат физичка сила, токму поради диетата.

Инаку ова не е прв пат Трифуновиќ да го коментира најдобриот српски тенисер, поради начинот на исхрана, затоа што пред неколку месеци тоа го направи и кога беше во Истанбул, со својот брат Бранислав и другиот српски играч Виктор Троицки на вечера.

 

Scroll to Top