Српскиот глумец Сергеј Трифуновиќ во интервју за босанската телевизија Фејс зборуваше за трагедијата која ја погоди Србија, а и целиот регион, во која 13 годишен ученик уби осум соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“, во Белград.
Рече дека за се се виновни телевизијата „Пинк“ и реалните шоуа кој секој ден промовираат насилства и изместени вредности. Го спомена и министерот за образование во Србија Бранко Ружиќ, за кого рече дека погрешил кога за виновни ги посочи интернерот, западните вреднисти и Тик токот.
„Вчера министерот за образование кажа една ужасно срамна работа, односно за трагедијата ги обвини интернетот, Западот, ТикТок, Нинџа-желките и што сѐ не. А ние живееме во земја каде Кристијан Голубовиќ урла, тепа, шамара, зборува како го пукал овој, оној и ги прикачува неговите видеа на интернет. Ружиќ вчера ја смени директорката на училиштето каде Голубовиќ снимаше спот пред еден месец. Сега ќе се обидам да му ја активирам интелегенцијата на Ружиќ. Директорката на училиштето не го измисли Кристијан Голубовиќ. Него го измисли ниту Жељко Митровиќ. Го измисли телевизијата „Пинк“, реалните шоуа во кои секојдневно се пропагира насилство“, рече Сергеј и додаде дека мадите земаат пример и од политичарите кои секојдневно исто така пропагираат насилство преку нивните зборови упатени еден на друг.
„Тие се подесени за постојано да кажуваат навреди. Вклучете го вториот канал на „РТС“, изгледајте една собраниска седница и слушнете што изговараат тие луѓе таму. Ние сме општество на кое опасно му смрдат нозете, а само ги менува чорапите. Ние сме една опасно болна нација. За жал тоа важи за сите нас од овие простори. Во Сараево беше прогласен ден на жалост, а во Загреб сѐ уште се палат свеќи. Тоа е доказ дека тие ја препознаат оваа болест како своја. Сите ние сме дел од истата болест, од тој ист речник стар 30 години во кој има усташи, четници, балии и омраза на сите можни начини“, рече Сергеј.