Северина ги сретна Ковачиќ и Модриќ на одмор, фудбалерите позираа со нејзиниот син

Северина летува со синот на малиот остров Врник кај Корчула. Таму се сретнала со хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Фудбалерите позираа со пејачката и нејзиниот син, а Северина ги сподели овие фотографии на Инстаграм.

„Момци кои освен на теренот нè радуваат со својот изглед и надвор од него… Ви благодариме Лука и Матео“, напиша пејачката.

Северина пред неколку дена објави фотографија со синот која ги воодушеви нејзините следбеници. Во описот на фотографијата напишала: „За мене – летна фотографија“.


Лука и Матео по Европското првенство заминаа на заеднички одмор. Беа во Пељешац, Корчула, Дубровник. Ковачиќ на својот Инстаграм објави неколку фотографии од одморот на кои позира со сопругата Изабел и синот Иван и Лука и сопругата Вања.

Вања и Лука минатата недела отидоа на полуфиналниот натпревар на Вимблдон меѓу Карлос Алкараз и Данило Медведев, а потоа пред два дена беа на премиерата на филмот ХШК Зрињски – Приказната за гордоста во Мостар.

Scroll to Top