Северина и Грашо заедно на вечера, пејачката објави селфи

Северина се пофали со фотографија со Петар Грашо

Таа го објави нивното селфи од вечера и додаде песна од Тончи Хуљиќ. Северина не откри каде се сретнале, но пејачката моментално ужива на одморот во Далмација, па може да се претпостави дека се дружеле во родниот Сплит.

Грашо и Северина се долги години пријатели, а во 2018 година објавија и дует. Грашо често ја поддржуваше пејачката додека таа проаѓаше низ битка за старателството над синот Александар, кој го доби со Милан Поповиќ.

„Не се слушаме четири месеци, па се слушаме три пати во три дена. Нè врзува нешто повеќе од тоа формално пријателство. Се знаеме 20 години и сме блиски“, изјави Грашо на почетокот на годината за нивното пријателство.

Scroll to Top