Северина на Инстаграм објави серија фотографии со блиски луѓе.
„Лето, II дел. Мама и моите…“, напиша таа заедно со објавата на која се издвојува фотографијата со мајка и Ана. На албумот има и фотографии со синот Александар, пријателите и најблиските колеги, внуката Мија и многу други. Таа објави и спомени од одморот на островот Врник, каде што сега традиционално летува.
Северина е многу блиска со мајка си Ана. „Беше во кома пет месеци откако ме роди, но вели дека вредело“, открила пејачката еднаш за нејзината мајка.
„Помина низ тежок живот со неподнослива леснотија на егзистенција. Ме бодреше, беше покрај мене кога беше најтешко, нејзината смеа ме излекуваше. Таа е мајка на сите мои пријатели, несебично споделуваше се, но пред сè љубов.Мамо, среќна сум што ме роди, ти си мајка на мајките и мојата кралица“, напиша еднаш Северина.
Ана застана во одбрана на Северина по конфликтот помеѓу пејачката и нејзината сестра. Медиумите потсетуваат дека инцидентот се случи во 2022 година, кога Северина на аеродромот ја пречека полицијата, откако нејзината сестра пријавила дека и нанела повреди.
Сестрите наводно се судриле за имот, а пејачката се здобила со повреди. Мајката на Северина тогаш застана во нејзина одбрана и изјави дека нејзината сестра Маријана „си игра сама“ и дека ова не е прв пат да ја пријави сестра си.