Пејачката Северина вели дека не се откажа од идејата да стане мајка и со сопругот Игор Којиќ планира да има дете. И покрај тоа што има 47 години и што пред две години го изгуби бебето, пејачката вели дека не ја губи надежта дека еден ден повторно ќе забремени и дека на седумгодишниот син Александар, ќе му подари брат или сестра.
„Мојот Александар бара да има брат или сестра. Ние со Игор работиме на тоа“, изјавила Северина.
Во изјава за новинарите, таа откри дека во моментов се бори и за старателството на нејзиниот син Александар, со нејзиниот поранешен партнер српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, но дека не ја интересираат пишувањата во српските и хрватски медиуми.