Шабан Шаулиќ со концерт подарок за својата сопруга Гордана

Гордана Шаулиќ го прослави 60. роденден опкружена со семејството и најблиските пријатели, а од сопругот Шабан доби голем подарок – голем концерт, кој ќе се одржи на 6 октомври во „Шарк арената“.

Кралот на фолкот ја објави ексклузивно оваа информација на прославата и објасни дека одлучил првпат да запее во најголемата сала на Балканот и на тој начин да ја израдува армијата фанови, но и да ѝ ја исполни роденденската желба на сопругата.

„Желбата на Гоца веќе со години е да одржам голем концерт во „Арената“ и на крајот одлучив баш на јубилејниот роденден да ја израдувам. Јас оваа година секако влегувам во годините на прослава на половина век работа, па така сето ова се поклопи. Едвај чекам да ѝ запеам на публиката, која веќе со години секојпат прашува кога ќе одржам голем белградски концерт и еве дојде време и за тоа.

Тој 6 октомври во „Арената“ ќе биде своевидна круна на мојата кариера“, објасни кралот на фолкот.

 

 

Scroll to Top