Шехерзад ослабе 7, а Онур 14 килограми: диетата на славниот турски пар

Познатите турски актери Халит Ергенч и Бергузар Корел, неодамна во интервју открија како се хранат за да останат во топ форма. Особено Корел, која откако се породи со третото дете, и требаше подолго време да ги симне килограмите за да се врати во топ форма.

Диетата што ја практикуваат актерите е на Бергузар и таа вели дека откако го сменила начинот на исхрана тоа се покажало како вистински погодок уште за време на снимањето на серијата Ти си мојата татковина“, каде што глумат заедно со сопругот.

Со оваа диета за повеќе од месец дена Халит ослабел 14 килограми, а Бергузар 7 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

„Го исфрлив шеќерот од исхраната, храната што содржи глутен и млечните производи. Всушност, можам да кажам дека главно бев на сурова храна“, рече актерот за својот режим на исхрана. Медиумите тогаш пишуваа дека Халит на снимањето јадел ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, суров спанаќ и целер. Често јадел супа од тиква и салата од киноа, а обично пиел лимонада и сок од житарки. Иако не консумирале шеќер, ни Халит ни Бергузар не се лишиле од слатки, па јаделе десерт од нане, портокал и урми. Исто така на менито имале крекери од бадеми и ленено семе и путер од какао и бадеми.

Покрај храната тајната на диетата се и течностите, па таа и Халит пиеле барем по 2 литра вода дневно.

„Пиеме и многу чај од тревки. За појадок јадевме житарки и млеко со лажица мед, а за ужинка тост и чедар. Ручекот обично е комбинација од месо и многу салата со една кришка црн леб. Пред спиење секогаш пиеме чаша јогурт“, вели актерката Бергузар вели дека ја користела оваа диета откако се породила, за побрзо да го симне вишокот килограми.

 

 

Scroll to Top