Синан Сакиќ во тузланската болница каде лежи последните неколку дена го посетуваат само најблиските, сопругата Сабина и синот Ален, nо, со одобрување од сопругата на Синaн, фолк легендата го посети неговиот долгогодишен пријател и колега Мухарем Сербезовски.
Синан бил пресреќен кога го видел дури ни солзите не можел да ги сокрие.
Оваа информација ја потврдил и самиот Мухарем.
– Солзи ни течеа и на него и на мене. Едвај чекав да го прегрнам мојот пријател. Ми рече да им порачам на неговите фанови дека ќе се бори со целата негова сила, и ветува на сите оние кои се грижат за него дека ќе живее и ќе пее само за нив. Тој ќе се врати многу посилен, изјавил Мухамед кој не можел да ги сокрие солзите.
– Ние сме со години искрени пријатели, и ако даде Господ, ветувам дека ќе го посетам повторно во петок, рекол Мухамед.