Синот на Брена раскина со манекенката Сандра

Помладиот син на Лепа Брена, Виктор, раскина со неговата девојка Сандра Милајковиќ со која беше две години во врска. Тој ги избриша сите нивни заеднички фотографии и престана да ја следи на Инстаграм.

Причината за нивното раскинување не ја открија, а последен пат биле видени заедно на забавата по повод повлекувањето на Саша Поповиќ и Лепа Брена од „Гранд“. Виктор и Сандра се разделија и пред две години, кога манекенката му нашла пораки во телефонот од друга девојка.

Тој сега е на одмор во Црна Гора со неговото семејство, додека Сандра била видена со пријателите на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

„Сакам прво да се реализирам како Виктор Живојиновиќ, а потоа ќе направам свадба и деца. Имам 22 години и луѓето веќе би сакале да ме омажат. Во врската мора да има многу почит и искреност. Тоа е единствениот успех за врска“, рече Виктор за медиумите кога новинарите го прашаа дали планира брак со Сандра.

 

 

 

Scroll to Top