Синот на фудбалерот Лука Модрич го прослави 12. роденден. Хрватскиот фудбалски репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, објави фотографии од роденденската забава на Иван.
Тој за роденден доби трикатна торта со фудбалски украси и позираше во дресот на Реал Мадрид.
Лука е во брак со Вања од 2010 година. Набргу по венчавката се роди нивниот син Иван, а две години подоцна ја добија и ќерката Ема. Во 2017 година Вања и Лука ја добија ќерката Софија.