Почина синот на Марина Туцаковиќ, текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ. Тој ненадејно починал денеска, пренесува Пинк.
Според извештаите, Лаќа починал во Израел, а неговото безживотно тело било пронајдено на улица.
Тој е пријавен за исчезнат на 12 декември, објави неговиот татко Фута во изјава за медиумите, како и дека е пронајден на улица во Тел Авив.
Пронајден билна улица и како што неофицијално пренесува српски Блиц, починал додека бил под дејство на недозволени супстанци.
„Без име, само без спомени“, била последната објава на Милан Радуловиќ Лаќа на социјалната мрежа Твитер.