На Новите гробишта во Белград, во црквата „Свети Никола“, во 14 часот почна опелото за Небојша Глоговац. На погребот на актерот пристигнаа над 1.000 луѓе. Таткото на Небојша, свештеникот Милован Глоговац, служеше опело, а помладиот син на актерот го0 носеше крстот.
На погребот пристигнаа и огромен број колеги, но и политичари.
Глоговац почина на 9 февруари во Белград од рак. Имаше 48 години.