Српската фолк-пејачка Славица Ќуктераш е позитивна на коронавирус. Таа неколку дена не се чуствувала добро, па решила да се тестира за Ковид-19. Тестот покажал дека е позитвна на вирусот, пишува „Ало“.
Пејачката веќе неколку дена прима инфузии, потврдил нејзиниот пиар.
„Точно е, Славица е позитивна на коронавирусот. Ги презема сите потребни мерки, а моментално секојдневно прима инфузии бидејќи не се чувствува најдобро. Секако, се надеваме дека ќе се врати во најдобар ред наскоро и дека ќе почне со работа поспремна од кога било“, рекол тој за „Ало“.
Познатата пејчака неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, откако се разведе од нејзиниот сопруг, фудбалскиот голман Владо Аврамов.