Пејачката Северина Којиќ во својот албум „Здраво Маријо“, излезен во 2008 година, незаконски користела мотиви од познатиот хрватски сликар Мије Ковачиќ. Судот во Загреб донесе одлука со која пејачката треба да му плати отштета на Ковачиќ во вистина од 3500 евра со камата, поради кршење на авторските права.
Станува збор за делата „Селски танц“ и „Парче зелка“, кои Северина ги искористила во своите спотови, без одобрение на авторот.
„Ако ме прашаше Северина дали може да ги користи, јас би ѝ ги дал правата. Но, не ме праша. Тогаш ми се јави еден мој пријател и ми кажа дека ги видел моите дела во нејзините спотови. Тоа е кражба. Јас вложив многу труд, а Северина е популарна ѕвезда. Но, не ја познавам за да можам да ѝ судам. Не ја слушам нејзината музика. Не е по мој вкус“, изјавил Ковачиќ за хрватските медиуми.