Српската манекенка Софија Милошевиќ ги негирала сите пишувања на медиумите дека е во врска со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ. Софија се огласила јавно преку социјалните мрежи.
„Гледам во Србија поедини медиуми продолжуваат со теророт врз јавни личности и измислуваат насловни вести. Крајот на јануари и почетокот на февруари треба да се пополни па макар тоа биле и лажни вести. Очекувајте ја наскоро и британската кралицата и Мини Маус во оваа афера. Адвокатите наскоро ќе си го сработат своето, но повеќе ме загрижува паталогијата на ширењето лаги. Јелена и јас сме во супер односи. Поддршка за мојата пријателка и едвај ја чекам новата песна“, напишала Софија.
Набрзо потоа следела и реакција од Карлеуша, која по 20 минути ја шерувала објавата на Софија на својот инстаграм-профил. По објавите на Софија и Карлеуша, медиумите дојдоа до видео на кое се прикажани Душко Тошиќ и Софија како се забавувале во еден клуб во Белград.
Друштво им правеле поранешниот југословенски фудбалски капитен Драган Стојковиќ – Пикси, како и неговата сопруга Снежана Стојковиќ.