Сеуште законската сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ го исмеала фолкерот откако ја забележала насловната страна на еден неделник во која тој е заедно во прегратка со Милица Павловиќ. Дополнителна провокација за Соња бил насловот на текстот „Љубовта не спои“.
Соња која ја објавила фотографијата на социјалните мрежи под неа оставила повеќе смајли-емотикони, и јасно ставила до знаење што мисли за тоа.
Како минувало времето и подобро се запознававме, нашите приказни заминаа во целосен спротивен правец. Во последно време, најчесто зборувавме за животот, ситуациите кои ни се случуваа, луѓето кои не опкружуваа. Генерално за се што луѓето зборуваат и кои одлично се разбираат“, изјавила Милица во заедничкото интервју со Аца.
Како што истакнала деловната соработка премногу ги зближила.
„Го разбуди нашиот однос, сега ги здруживме силите и станавме „партнери во злосторот“. Токму поради оваа соработка во последно време сме во секојдневен контакт. Се слушаме по неколку пати дневно, за да ги усогласиме сите планови и идеи“, изјавила Павловиќ.
„Нашиот однос стана поблизок, но јас и претходно ја сакв Милица и ја поддржував во сето тоа што таа го работи. Ние сме стари другари и секогаш кога ќе се видиме разговараме на многу теми“, објаснил Лукас.