Сопругата на Лаутаро Мартинез тужи кафуле во Катар откога во пијалакот нашла парчиња стакло

Сопругата на аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез, Агустина Гандолфо поднела тужба до катарско кафуле во кое како што тврди во пијалокот кој го нарачала пронашла парчиња стакло.

Гандолфо на Инстаграм напиша дека додека го славеле влегувањето на Хрватска во полуфинале на Светското првенство заедно со пријателите, нарачале пијалок во катарско кафуле и во него пронашле парчиња стакло. Потоа отишле во болница за да се уверат дека никој не го проголтал парчето и да проверат дали е се во ред.

По излегувањето од болница отишле во полиција и го пријавила настанот.

„Каква штета, поднесовме тужба и имаме сведоци во кафулето во кое бевме“, напиша Гандолфо.

Се огласил и сопственикот на кафулето, кој тврди дека Гандолфо и нејзините пријатели ја измислиле целата приказна.

 

Scroll to Top