Грижата за ќерката на убиената пејачка ја води нејзиниот вујко, со сопругата, а надлежните од Центарот за социјална работа ќе дадат проценка која зависи од можноста да помагачите во злосторот бидат уапсени.
Јана Марјановиќ (7), чија мајка била убиена на 2 април 2016 година, може да биде однесена од семејната куќа во Борч, доколку експертите од Центарот за социјална работа, кои имаат старетелство над девојчето, проценат дека после подигањето на обвинението против нејзиниот татко Зоран, ова семејство повеќе не е добро опкружување за неа.
Старетелството над девојчето, го има центарот, но привремената грижа за него е доверена на родениот брат на Зоран, Милош. Близок извор до истрагата за убиството на пејачката напоменува дека доста од работите зависат и од можноста на апсењето на соучесникот на Зоран во извршениот злостор. Во куќата во Борч, малата Јана, живее со вујкото, и неговата жена Милица, бабата Зорица и дедото Владимир.
„Социјалните работници неколку пати разговарале со Јана, и таа секогаш на прашањето каде сака да живее, одговарала дека сака да остане дома, затоа што чека да и се врати татко и. Нивната проценка поради тоа е дека за детето најдобро е да остане во опкружување со семејството“, вели изворот за медиумите.
Препораката на работниците од центарот за социјални работници, по првата посета на татако и во притвор, била дека девојчето повеќе да не оди во Централниот затвор. Со нивно одобрение, неодамна, за време на нејзиниот роденден, вујко и Милош ја однесе еднаш во посета.
„Се води сметка пред се за интересите на детето“, вели соговорникот.
На Зоран, старетелството над Јана и е одземено на 10 октомври 2017 година, неполн месец дена откако е уапсен.
Претходната недела, против него е подигнато обвинение кое го терети дека пред речиси две години, Јана ја оставил сама на насипот, ја убил сопругата Јелена и нејзиното тело го фрлил во канал, а потоа се вратил кај девојчето.
По апсењето, Зоран ја предложи Јана за сведок:
„Во ниту еден момент не се одвојував од Јана. Детето може за тоа да просведочи, таа сега има шест години и памети се“, изјави Марјановиќ.
Јана не е сослушана
Неговиот бранител, адвокатот Никола Думниќ, изјави за Курир дека обвинителството не прифатило Јана да биде сослушана како сведок.
„Обвинителството го одбил предлогот дека детето, кое цело време било со татко и, да се испрашува како сведок, со усмено образложение дека на тој начин се избегнува неговата виктимизација, иако полицијата во повеќе наврати го сослушала детето како сведок, токму по налог на обвинителството. Можеме оправдано да очекуваме и притисок од Центарот за социјални работи со цел одземање на детето од семејството“, вели Думниќ.
Министерот на полицијата Небојша Стефановиќ, изјави дека случајот со убиството на пејачката полека го добива својот епилог.
„Полицијата својот дел од работата го направила. Дали ќе има нови осомничени, за тоа ќе одлучи обвинителството“, изјави Стефановиќ.