По грозоморните настани кои го оставија регионот без зборови, на социјалните мрежи се шири петиција за укинување и забрана на социјалната мрежа Тик ток.
Граѓаните на Србија веќе имаа поставено онлајн петиција на која треба да соберат 400.000 гласови за забрана за емитување на тв каналите Пинк и Хепи телевизија.
За неполни 48 часа во Србија се случија два масакри. Ученик од седмо одделение на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар со огнено оружје уби осум деца и чувар и рани седум од нив, од кои некои се уште се борат за живот. Јавноста се уште не успеала да се опорави од првичниот шок, а се веќе потресе уште една вест за крваво убиство кај Младеновац. У.Б. (21) со рафален оган брутално убил осум лица, а ранил четиринаесет.
Естрадата и јавните личности по страшните трагедии масовно ги откажаа своите настапи. Некои од нив го кренаа гласот и побараа вонредна состојба, но и враќање на смртната казна.
По овие грозоморни настани, на социјалните мрежи се појавија срамни видеа на малолетници кои ги поддржуваат убиствата, но и извршителите на масакрот. На социјалната мрежа Тик ток се појавија најнепримерните и најгрозоморните видеа каде децата масовно се снимаа, ги поддржуваа убијците, но и го покажуваа оружјето на нивните родители. Домашната јавност се вознемири и масовно ги споделува спомнатите клипови, за да ги видат надлежните што побрзо и да не бидат избришани.
Поради тоа гласот го кренаа естрадните личности, кои набрзина дистрибуираа петиција за укинување на споменатата социјална мрежа. Една од нив е пејачката Јелена Костов, која на својата стори објави постави линк на црна фотографија за да може да се придружат нејзините следбеници. Исто така, Ана Севиќ, ја поддржа петицијата за забрана и откажување на Тик ток.
Николина Ковач, Александра Бурсаќ и Ивана Павковиќ го направија истото на своите профили на Инстаграм и ги поканија своите следбеници да се потпишат на петицијата. Славица Ќуктераш освен што ја поддржа петицијата и ја сподели, го избриша сопствениот профил на Тик ток и им даде пример на другите.