Српскиот актер Милош Тимотијевиќ само 40 дена откако се разведе од сопругата Дуња со која беше во брак 13 години, повторно се ожени.
На социјалните мрежи се појавиja фотографии од венчавката како танцува со новата сопруга Тијана и како позира со бурма на раката и напиша „зафатен“. Невестата одбрала елегантна венчаница, додека Тимотијевиќ носел едноставен костум.
Тијана Симиќ живее во Португалија, а како што пишуваат српските медиуми тие двајца се забавувале само четириесет дена.
Актерот во неодамнешно интервју зборуваше за својата сопруга Дуња, со која беше 13 години во брак. Дуња Галиќ по професија е уметница.
„Мојата кариера тргна во нагорна линија откако ја запознав сопругата. Таа е мојата движечка сила. Не сакам да зборувам за мојот приватен живот. Не сакам да го споделувам мојот интимен живот. Се трудам да ја зачувам приватноста, но во секој бизнис неопходна е поддршката од мојот сопружник, не само за нас актерите. Без тоа сè е потешко. Ако имаш човек кој верува во тебе, тогаш сè е полесно. Имаш четири очи, две срца, два мозоци, две глави за размислување. Нашата работа е таква што е потребно разбирање“, изјавил неодамна Тимотијевиќ за „Блиц“.