Фолк-пејачот Шако Полумента испраќал секс видеа на малолетничка од Србија. Во видеото тој на 17-годишната М.В. ѝ вели дека му недостига, пишуваат српските медиуми.
„Ми недостигаш, дојди ајде да се бакнуваме, лежи до мене. Мислам на тебе, те сакам, јави ми се“, наводно ѝ рекол пејачот.
Полумента има 58 години и е 40 години постар од неа. Ако се докаже дека обвинувањата се вистинити, пејачот може да биде осуден на затворска казна. Тој засега нема никаков коментар на овие тврдења.