Во апаратот кој бил одземен од старлетата Анабела Шчекиќ, по апсењето поради уценување на бизнисмен, пронајдени се провокативни содржини и слики на кои се познати личности.
Мобилниот телефон на 39 годишната Анабела, наречена Тигрица, која е уапсена поради сомнение дека со нејзини соработници, уценувала белградски бизнисмен со порно-снимки, и од него барала 20.000 евра, и е одземен и во него се пронајдени компромитирачки содржини кои ги разменувала со двајца фудбалери и еден политичар.
Засега не се откриени пораките кои укажувале дека и од нив барала пари за да молчи, но апаратот допрва ќе биде предмет на подетални анализи.
„Во телефонот се пронајдени експлицитни пораки и видео материјал, како и фотографии со неколку мажи. Најмалку тројца од нив биле во контакт со Тигрица“, открива извор од истрагата за медиумите, не сакајќи да соопшти дополнителни детали. Тој наведува дека засега, овој материјал не е предмет на истрага.
Старлетата беше уапсена во петокот во голема полициска акција, заедно со нејзина пријателка Т.Ш. (23) и Р.Л. (41), кои од претходно им се познати на полицијата поради слични кривични дела. Тие се сомнечат дека го уценувале бизнисменот од Белград Н.Н. (34) и барале од него пари за да неговите порно снимки не се најдат во јавноста.