Филмското остварување на Срѓан Драгојевиќ од 1996 година „Лепа села лепо горе“ ја собра брилијантната актерска екипа предводена од главните актери Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ.
Но, сега, по повеќе од 20 години од снимањето на оваа воена приказна, се појави видео кое отсликува како екипата се забавува на сетот.
Овој кадар никогаш не бил прикажан, а во истиот се гледа ликот на неодамна починатиот Велимир Бата Живојиновиќ.
Во негова позадина се наоѓаат другите ликови, Никола Којо, Зоран Цвијановиќ, Драган Максимовиќ, Милорад Мандиќ Манда, Дубравко Јовановиќ и други.
За првпат видете како изгледаше снимањето: