Сцени од серијата „Тома“ на Бјелогрлиќ се снимаат во Сараево

Серијата „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ изминатите денови се снима во Башчаршија.

Серијата ќе има 10 епизоди, а Милан Мариќ, како и во филмот, ја има главната улога. Освен него, улогите ќе ги толкуваат Тамара Драгичевиќ, Енис Бешлагиќ, Андрија Кузмановиќ, Медиха Муслиовиќ, Мирјана Карановиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ и многу други.

Сценариото е на Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ. Бјелогрлиќ заедно со Жељко Јоксимовиќ ќе биде во улога на продуцент. Филмот доживеа голем успех по премиерното прикажување на филмскиот фестивал во Сараево.

Бешлагиќ претходно изјави дека е воодушевен од оваа соработка и му се заблагодари на режисерот.

Фото: Т.С/ Клих.ба

Scroll to Top