Судот му забрани на Лука да ѝ приоѓа на Наташа

Мажот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, е пуштен да се брани од слобода, но добил забрана да ѝ приоѓа на сопругата. Според новите закони во Србија за семејно насилство, за лесни телесни повреди насилникот може да добие затвор од 3 месеци до 3 години, а за тешки телесни повреди од 2 до 10 години затвор.

Според српските медиуми, во полиција Лука изјавил дека не ја тепал Наташа, туку дека само ја турнал.

„Се вратив од град и си легнав. Во некој момент Наташа ми нашла пораки со три жени. Стана хистерична и ме нападна. Само ја оттурнав за да не ме удри. Во тој момент падна“, рекол тој на сослушувањето.

Инцидентот се случил околу 4 часот изутрина, кога според Беквалац, Лазукиќ дошол дома пијан, а таа пронашла љубовни пораки во телефонот. Таа рекла дека ѝ удрил неколку шамари, дека ја удирал во главата и по очите, а ја клоцал и на местото каде што ѝ е раната од царскиот рез. Во моментот на нападот, во куќата со Наташа биле дадилката и бебето.

Лука беше уапсен вчера попладне во станот на неговиот татко во Нов Белград каде што се криел откако наводно ја натепал пејачката. Беквалац беше однесена во Ургантниот центар во Белград, а откако беше пуштена, се исели од заедничкиот стан на Дедиње. Таа подоцна повторно беше одведена во болница оти ѝ се лошело и чувствувала вртоглавици. Според медиумите, во болницата било констатирано дека има потрес на мозокот.

 

Scroll to Top