Светлана Бојковиќ: Како стареам сѐ повеќе ја прифаќам смртта

Српската актерка Светлана Бојковиќ (74) вели дека полека почнува да ја прифаќа смртта. Таа лани прележа корона и во тоа време имаше пневмонија, па долго беше во болница. Но успеа да ја победи болеста и сега се чувствува добро, а почна пак и да снима.

„Лани бев хоспитализирана во болницата ‘Драгиша Мишовиќ’. Од короната развив пневмонија, но, за среќа, на завршив на кислородна поддршка. Во тоа време неколку мои пријатели, колеги починаа од корона, загубив блиски луѓе и тоа ми беше застрашувачко. Но, колку стареам, толку повеќе ја прифаќам смртта, бидејќи во спротивно не можам да се справам и да се борам против неа. Клише е дека тоа е дел од животот. Се однесувам како да отпатувале некаде овие драги луѓе. Шокот е во првиот момент, првите седум дена, а потоа моето суштество некако се справува со тоа. Ги чувам за себе и често ги спомнувам во приказни и анегдоти. Сите беа многу смешни и многу работев со сите“, рекла таа во интервју за српските медиуми.

„Се сеќавам на Перо Краљ, Марко Николиќ, Предраг Ејдус, Џузо Стојиjковиќ. Заминаа и Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Миодраг Радовановиќ, Милорад Мандиќ Манда, едвај ја преживеавме смртта на Глоговац. Сега понекогаш гледам снимки од претстави и сфаќам колку од нас останаа живи. Исто така, имав многу загуби на моите најблиски, од првиот сопруг Милош Шутиќ, кој почина на помалку од 54 години, и вториот Љубомир Мучиј Драшкиќ“, додала Цеца Бојковиќ.

Таа рекла и дека, сега, кога веќе е стара, почнува да се сеќава на муабети и работи што во минатото не ги сфаќала, но сега ѝ се јасни.

„Бев многу млада кога почнавме да се забавуваме со Милош, се омажив за него на 21 година. Тој беше постар и многу позрел, многу образован. Некои работи што ми ги кажа во мојата младост, а се однесуваа на глумата, ги сфатив дури 15 години подоцна. Морав да поминам низ нешто сама, да искусам за да се сетам на некои од неговите реченици што не ги разбирав во тоа време. Само затоа што не ги разбирав, се сетив сега на нив“, рекла таа.

Scroll to Top