Српскиот композитор Корнелија Ковач и неговата сопруга Снежана Ковач сосема случајно се запознале на Саемот на книгата во Белград, пред 16 години. Снежана била задолжена за штандот на издавачката куќа и без конкретна причина сакала да го запознае познатиот композитор, пишува магазинот „Глорија“.
Таа го освоила со нејзината насмевка. После еден месец излегле на кафе.
„Беше на вториот ден од саемот на книгата, некаде при крајот на работното време. Веќе малку уморна, помислив дека би било убаво да се појави Корнелие Ковач. Ја кренав главата и го видов. Се плашев, за прв пат во животот, за моите желби. Затоа што во тој момент немав причина да мислам на него од сите луѓе на планетава. Знаев кој е, и тоа беше сè“, изјавила Снежана.
„Последниве години барав антички изданија за великаните на класичната музика. Порано собирав романтизирани биографии на рокери, но сега ме интересира романтичната ера, неверојатните приказни како Џузепе Верди и Ричард Вагнер. Ги разгледав сите полици, а потоа вниманието ми го привлече насмевката на Снежана, топла, искрена, различна. Приближувајќи се, размислував што да ја прашам и побарав нешто од Херман Хесе, мојот омилен писател, иако видов дека целата стручна литература е на штандот, раскажал тогаш Корнелие во интервјуто.
Таа потоа одговори дека ја нема книгата што ја барам, но сака да провери уште еднаш за секој случај, но не можеше да ја најде. Корнелие тогаш признал дека книгата била само изговор да го пролонгира разговорот со неа, но и на тоа му дошло крајот, бидејќи сакал да оди на кафе по саемот.
„Гледајќи го како заминува, пак не знам зошто, посакав да се врати. Тој дојде половина час подоцна, тотално збунет и ме покани на кафе. Целосно изненадена, пелтечев. Всушност, ми требаше време да се соберам“, раскажала Снежана
Ковач на крајот се вратил по трет пат да ѝ го земе телефонскиот број на Снежана, а дури по еден месец излегле на кафе кај Ада Циганлија.
„По еден месец. Излеговме во убав ресторан на Ада Циганлија. Веќе беше ноември, морничаво студено“, раскажал брачниот пар Ковач.
Корнелие Ковач беше во брак со Споменка Ковач, со која имаше три ќерки – Александра, Кристина и Ања. Споменка почина во 2006 година, а како што пренесуваат локалните медиуми, Корнелие и Споменка се развеле само неколку години пред нејзината смрт.