Тарик Филиповиќ моментално снима филм во Шпанија, а на Инстаграм откри дека бил на натпревар на Реал Мадрид каде ја запознал Пенелопе Круз.
Актерот и водител објави фотографија на која позира со познатата актерка и и посвети убави зборови.
„Ден пред продолжението на снимањето во Мадрид, посета на натпреварот на Реал Мадрид и култниот стадион Сантијаго Бернабеу. Секогаш е задоволство да се гледа нашиот маестро Лука Модриќ. Од сите големи играчи кои ги сретнавме, еден играч ги засени сите. Прекрасна колешка, со искрени очи, иста таква насмевка – Пенелопе Круз. Можеби некогаш заедно и во кадар, ќе се смалам колку што ми треба“, напиша тој.