Во првото интервју по одземањето на старателството над синот, Северина збунета и со солзи ја раскажува целата ситуација со поранешниот сопруг Милан Поповиќ. Таа во јутањи.хр раскажа за инцидентот во училиштето, открива за забраната за објава на фотографии со синот на социјални мрежи и вели дека во целата ситуација станува збор за голема игра со опасни луѓе.
Минатата недела судот одлучи дека малиот Александар ќе живее со неговиот татко, српскиот тајкун Милан Поповиќ, а Северина може да го гледа синот секој вторник и четврток помеѓу 15 и 20 часот и секој втор викенд, а навечер ќе мора да го враќа на адреса која не е одредена од судот.
Покрај тоа, на секој 15-ти во месецот таа ќе мора да плаќа алиментација на нејзиниот поранешен сопруг од 1248 куни (околу 10.000 денари), а пејачката не крие дека е вчудовидена и затекната од неочекуваната судска одлука, за чии детали, испишани на 30 страници, не смее да зборува.
„Очекував сè, но не ова. Вистина, се плашев, посебно по последното рочиште и тоа исчекување на одлуката беше најлошо. Но сега веќе од ништо не ми е страв. Во животот сум доживеала работи од кои најчесто сум се срамела, ретко заради себе.
Но, тоа е живот и ова е исто едно големо искушение, кое секако ќе го издржам, бидејќи на моето дете му требам каква што сум, а тоа е добра, здрава и присебна мајка, без оглед што пишува во пресудата, открива мајката чиј син судот ѝ го одзеде по 7 и пол години.
Во интервјуто Северина вели дека случајот повторно бил отворен од судијката Теа Голуб, поради инцидентот во основното училиште каде што е запишан Александар.
Всушност, момчето е запишано во училиште каде што го влечат за рака и доктори одлучиле дека не треба да учи таму, бидејќи има трауми, но таткото на детето не ѝ дозволува да го промени училиштето, па сега ѝ го одземаат правото да се грижи за неговото образование, со образложение дека не го носи детето во училиште.
Таа објаснува дека станува збор за голема игра, помеѓу директорот на училиштето кој е поврзан со градот Загреб, а сите се свртени против неа. Вели дека станува збор за опасен човек, а дека судијката е уште поопасна.
Многумина ја обвинуваат Северина дека целата ситуација ја извадила од контрола и дека претерува со тоа што ги изнесува сите детали пред јавноста, а инцидентот во училиштето го искористила како предност и промоција на себеси, заради турнејата.
За овие обвинувања таа вели:
„Јас сум пред сè горда на своето дете. Меси објавува слики со децата на Инстаграм, Лука Модриќ исто така, а мене ми е забрането со судска одлука да објавам фотографија со синот кој се смее на Инстаграм, бидејќи некого тоа го боли, но ете.
Мене не ми треба слава, мене сите ме знаат веќе 30 години, подолго отколку што трае гарнитурата составена од некои луѓе во овие институции кои дозволија ова да се случи. Позната сум, но по тоа што го работам и го сакам, како што го прават тоа и Новак Ѓоковиќ и Меси, кои исто така имаат деца и со нив се појавуваат во јавност. Но, на мене се гледа поинаку.
Следниот викенд имам концерт, на кој Александар многу сакаше да оди и се радуваше. Ќе има многу други деца, но мојот син нема да смее да дојде…“ – продолжува таа, со треперлив глас и плачење.
Северина открива дека таа ги почитува одлуките на судот, за разлика од Милан, на кој по разводот му било одредено секој втор викенд да го гледа синот, а тој не се појавил 5 месеци.
Иако многумина тогаш ја советувале да му го одземе старателството, таа сметала дека не е во ред да му го прави тоа на детето, но сепак денес, нејзиниот поранешен сопруг смета дека треба да го одвои синот од мајката.
Таткото на момчето пропуштил многу случувања – од први зборови, чекори, крштевка и многу други настани на кои не сакал да присуствува, додека Северина била со синот и го подготвувала за средбите со него, на кои тој не сакал да оди. Милан сфатил дека треба да се појави во животот на синот кога сопругот на Северина, Игор Којиќ, се појавил во неговиот.
За тоа што Милан му извадил српски пасош на Александар, Северина вели дека знае, иако го направил без нејзина согласност.
Што се однесува до одењето во училиштето, Северина дообјасни:
„На денот кога се случи инцидентот, тој не можеше да дојде по Александар и да го земе, а на мојот сопруг, кој беше на листата на оние кои можат да го земаат детето, тоа му го забранија, иако јас имав судска одлука дека можам самостојно да ја напишам таа листа. На неа се ставив себе и сопругот.
Кога на мојот сопруг и очув на мојот син не му го предадоа Александар, учителката рекла дека ќе му се јави на Милан Поповиќ, како тоа да е негово училиште.
Подоцна од синот дознав дека ‘тато направил ново игралиште и го уништил старото, кое тој го сакал’. Детето беше истрауматизирано бидејќи не му дозволија да го напушти училиштето, па покренав постапка за повреда на правата, па нека се испитува“ – завршува пејачката.
Цело интревју гледајте го тука