Драган Карлеуша таткото на српската пејачка Јелена Карлеуша, му се закани по живот на фудбалерот Огњен Врањеш, ако продолжи да објавува голи фотографии и експлицитни снимки од неговата ќерка во јавноста.
Драган кој во јавноста е познат како моќен и влијателен полициски инспектор и функционер на МУП, бил замолен од неговата ќерка Јелена да направи сè што е во негова моќ за да ѝ помоге и да ја заштити.
Извор близок до семејството на Карлеуша вели дека Драган се обратил до свои блиски пријатели кои истиот ден биле во посета на семејството на Огњен Врањеш во Бањалука.
„Драган викна екипа од жестоки момци кои ги познава од поодамна. Тој им го кажа проблемот, а тие веднаш се упатиле во главниот град на Република Српска, каде живее Огњен со семејството. Во неговата семејна куќа ги затекнале само неговите родители и сопругата Даниела со детето. Семејството на Огњен веднаш добило впечаток дека станува збор за опасни момци, што било доволно да се исплашат за својата, но првенствено за безбедноста на Врањеш“, вели соговорникот.
Ефектот кој тие го постигнале со своето доаѓање не дал ефект, но Врањеш бил затечен од фактот дека неговата поранешна девојка, Карлеуша била подготвена да направи сè само за да го замолчи.
„Опасните момци кои Драган ги испратил, не му се заканиле директно на семејството на Огњен, туку само ги предупредиле што се може да се случи, ако во медиумите излезе експлицитното видео на Јелена со нивниот син и сопруг. Интересно е што Врањеш во тие моменти на својот Инстаграм профил објавил соопштение во јавноста, во кое тој признава дека порано се забавувал со Карлеуша, но истиот брзо потоа го избришал. Тоа не чуди, затоа што семејството веднаш му јавило за заканите. Сепак снимките од Карлеуша и голите фотографии како ѝ нејзините преписки со Огњен, наскоро сепак можат да испливаат во јавноста. Досега не се објавени“, вели изворот.
Пејачката Карлеуша деновиве минува низ можеби најтешкиот период во животот. Таа постојано е на мета на медиумите. Често се обидува да покаже дека делува стабилно, а од време на време се огласува признавајќи дека ѝ паѓа тешко, а истиот статус потоа го брише.
„Само да ве поздавам ѝ да ве прашам како сте? Како ви се допаѓа овој медиумски линч над една жена? Дали уживате, дали се забавувате? Дали се чувствувате подобро додека гледате, кликате, прераскажувате и коментирате? Баш ми е драго што поддржувате насилие над една жена, мајка на две деца. Браво“, напиша неодамна Јелена во еден од своите постови, а потоа истиот го избришала.
Во екот на скандалот, Јелена малку имаше причина да се радува на роденденот на нејзината мајка, Дивна Карлеуша, која го прослави 61 роденден. Таа јавно ѝ честиташе со објавена фотографија на Инстаграм.
Нејзината мајка веднаш застана во одбрана на нејзината ќерка и го поддржа нејзиниот брак со Душко Тошиќ.