Тажен е тој кој треба некого да понижи за да се издигне себеси, Душко со цитат од Иво Андриќ одговори на изјавата на Карлеуша дека ѝ бил животна грешка

Фудбалерот Душко Тошиќ ѝ врати на Јелена Карлеуша за интервјуто во кое таа рече дека ѝ бил животна грешка. Тој го објави цитатот на Иво Андриќ: „Тажен е тој кој треба некого да понижи за да се издигне себеси“.

На ова Карлеуша му одговори дека сиромашен човек е тој на кој таблоидите му се поважни од семејството. За потсетување, пејачката неодамна даде интервју во кое зборуваше за кариерата, починатата мајка, но и за бракот со Душкот Тошиќ. Рече дека ѝ бил животна грешка и дека ѝ ја отежнувал секоја секунда од нејзиниот живот.

 

Scroll to Top