Актерката Мерјем Узерли, најпозната по улогата на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“, со емотивна порака се прости од Сабина Ајрула-Тозија. Тие се зближија за време на снимањето на серијата, каде Ајрула-Тозија ја толкуваше улогата на Афифе Хатун, дадилката на султанот, која тој ја сметаше за своја мајка. Покрај овој проект, актерките соработуваа на уште два заеднички проекта.
Узеерли објави нивни заеднички фотографии на Инстаграм.
„Срцето ми крвави од болка“, напиша таа.
Актерката се потсети на 2013 кога се снимаше хит серијата „Величествениот“. Тогаш на сет ѝ се слошило на Узерли, по што примила инфузија, а снимањето се одложило. Во посета на нејзиниот дом дошла Сабина Ајрула, која била сместена само една улица од станот на Узерли. Тогаш Хурем се фотографирала со нашата актерка и на својата фејсбук-страница објави: „Замена на мајка ми во Турција. Што би правела јас без тетка Сабина?“
Ајрула-Тозија во едно од нејзините интервјуа и самата говореше за нивната блискост. Пред Узерли да се повлече од серијата „Величествениот“, Ајрула-Тозија неколку пати се обидела да ѝ објасни дека оваа професија е доста напорна и дека има уште многу до целта. Узерли се откажа поради бременоста, но и самиот притисок на работа.
Претходно, голем број нејзините роднини, пријатели и колеги се простија од Сабина.
Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање