Тијана Милентијевиќ повторно е среќна во љубовта. По кратката врска со раперот Вук Моб, пејачката веќе неколку месеци е вљубена во својот гитарист Дарко.
Пејачката се обидува да ја сокрие својата врска, поради што дури ниту луѓето од нејзиниот тим не ја потврдуваат оваа информација, сепак извор близок до Тијана тврди дека тие се во врска со месеци, пренесуваат српските медиуми.
„Вистина е дека тие се во врска неколку месеци. Одамна почнаа симпатиите меѓу нив двајца, но тоа го кријат, не знам зошто. Вчера заедно го прославија неговиот роденден, а Тијана објави и слики, но се обидуваат да скријат се, претпоставувам дека не сакаат да бидат во медиумите“, изјавил извор близок на пејачката за српските медиуми.