„Три години психички се распаѓав поради другите“, водителката Марија Килибарда за тешкиот период

Српската водителка, која на македонската јавност ѝ е позната по шоуто „Твоето лице звучи познато“, Марија Килибарда, не крие дека поминала низ тежок период од својот живот.

Марија во интервју за српски магазин ја раскажа борбата што ја водела со себе, зошто не била она што другите очекувале од неа, и како успеала да се избори со сето тоа. Вели дека денес во нејзиниот партнер Бранислав Вуќелиќ нашла љубов и поддршка и дека не сака да крие колку е среќна со својот живот.

„Нека речат дека ова е излитена приказна, но мажите, со чест на исклучоци, имаат проблем кога покрај себе имаат финансиски независна и слободна жена, зошто не можат да ја моделираат по своите мерки. Затоа, порадо стапуваат во врска со некој кој зависи од нив. Полесно им е да ги задржат ако ги издржуваат. Домаќинка би требало да биде една од најплатените професии, а не нешто што се подразбира дека жената мора да биде. Секако, ако некој се чувствува комотно во тоа, така и треба да биде. Но, живееме во време кога жената мора да има сто улоги и од неа се очекува секоја од нив да ја завршува перфектно. Сметам дека битно е жените да научат како да не допира до нив притисокот, туку сами да си го одберат патот, со помош на лица на кои им веруваат. Јас конечно покрај себе имам некој кој е горд на мене. Го прифаќа дури и она што му пречи кај мене, и ме поддржува целосно. Кога го имате тоа, го имате вистинското“, вели Килибарда.

Водителката вели и дека мора пред сè да мислиме за себе, да бидеме среќни, а не она што другите мислат дека треба да го правиме.

„Три години траеше моето распаѓање до најситни парчиња. Сè ме болеше зошто не бев нешто што другите од мене очекуваа, домаќинка и мајка…Постојано си го поставував прашањето ’А што е со сите прекрасни релации на кои работев, фантастичната кариера, не знам колку успешни проекти зад себе’. Секојпат доаѓав до ист заклучок, дека тие не важат зошто не завршив факултет, немам постојана работа, не се омажив и немам деца. Се јадев поради тоа. Но, морав да го надминам тоа“, вели Марија.

„Ги победив своите психички проблеми“, признава таа и додава дека за проблемите ѝ помогнале психотерапиите со психолог.

„Тие терапии ми помогнаа да застанам на нозе. Колку и да беше тешко, научив важна лекција, а тоа е да не бегам, туку да се соочам со тагата. Потполно е легитимно да седиш два дена дома и да плачеш. А потоа да се издигнеш и кажеш, чекај јас ова морам да го решам. Животот е ролекостер, не можеме секогаш да бидеме горе“, вели водителката откривајќи дека најмногу ѝпомогнала љубовта од Бранислав.

View this post on Instagram

 

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


p;

Scroll to Top