Во станот на водителката Николина Пишек (44) во Загреб пукнала цевка од плинот што обезбедува греење за целата зграда. Николина и нејзината шестгодишна ќерка Уна биле отруени со плинот, а што се случило, за медиумите раскажа пријател на Николина, кој вели дека дека ги спасил и двете – мајката и ќерката.
„Ми се јави Видој, сопругот на Николина, во 2:20. Рече дека на Николина и на Уна не им е добро, да одам да проверам што е. Ми рече дека Николина ја боли главата, дека не може да вози до болница и доколку треба, јас да ги однесам. Веднаш седнав во автомобилот и се јавив, но таа не одговараше. Ниту мене, а веќе и на Видоје не му се јавувала“, раскажа за хрватските медиуми пријател на семејството.
Дојдов пред станот и тропав на прозорецот, а кучињата лаеја. По пет минути дојде Николина целата занесена. Ѝ велам да го отвори прозорецот, едвај ми одговараше. Откако ја отвори вратата, влегов во станот, отворив сè и го исклучив плинот. Веднаш се јавив на Итната медицинска помош, повикав полиција и луѓе за гасоводот. Ги однесов во болница со Уна, а потоа отидов до границата со Србија по Видоје – додава изворот за 24sata.hr.
Кога дојде екипата со детектор за јаглероден моноксид покажа дека доколку не сум отворел сè, тие би можеле да настрадаат. Николина имала 25 проценти јаглерод моноксид во себе, а Уна 15. Докторите рекоа дека на 25 проценти остануваат трајни последици за органите – додава пријателот.
Полицијата извести дека најверојатно дошло до труење со плин поради неисправност на плинскиот бојлер. Николина е во брак со Видоје Ристиќ и ја имаат ќерката Уна, а од претходната врска со новинарот Марк Цигој, ја има ќерката Хана.