Првиот човек на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ откри дека во наредната сезона, покрај постојаните членови на жирито ќе има и големи музички имиња од цела поранешна Југославија.
„Целата југословенска, односно екс-југословенска естрада ќе се бори против нашето жири. Се разбира, главните актери се кандидати за „Ѕвездите на Гранд“. Што тоа ќе значи ќе видите следната сезона“, изјавил Поповиќ.
Во текот на емисијата Поповиќ открил дека Марија Шерифовиќ ќе биде член на жирито и наредната сезона и покрај тоа што пејачката најави дека ќе си замине и дека планира да стане мајка.