Цеца и Анастасија доаѓаат на прв заеднички концерт во Македонија

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија на 11 јуни ќе одржат прв заеднички концерт, а ќе пеат во Аквапаркот во Пробиштип. Концертот ќе се одржи една година откако Цеца требаше да пее во Пробиштип за да го одбележи јубилејот 10 години од отворањето на Аквапаркот. Со Цеца и Анастасија во Македонија ќе дојдат и Вељко со сопругата Богдана и уште неколку членови на нивното семејство.

Од Аквапаркот најавуваат дека веќе ги почнале подготовките за големиот концерт.

„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, сцената. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик на оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија“, велат организаторите.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 13 април.

Scroll to Top