Цеца ја откажа големата журка за 50. роденден поради Анастасија која го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста

Српската фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја откажа гламурозната прослава на својот 50. роденден. Ваквата одлука на Цеца се должи поради трагедијата која неодамна им се случи во семејството. Кога нејзината ќерка Анастасија го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста. Наместо гламурозна просалва Цеца се одлучила роденденот да го прослави со семејството.

Се ќе биде организирано во нивната вила на Дедиње, пишува „Блиц“.

Да потсетиме, Ражнатовиќ и Родиќ пред неколку дена го прославија и роденденот на малиот Жељко во кругот на семејството во Тител, каде што живеат Вељко и Богдана.

„Таа сфати дека поради Анастасија и нејзината состојба се уште не е време за голема прослава. Иако самата Анастасија беше за одржување на забавата, Цеца по разговорот со неа и со другите членови на семејството реши дефинитивно да се откаже од неа. Едноставно, не би се чувствувала добро поради се и знае дека не би била атмосферата каква што знае да ја има на сите прослави што ги организира Ражнатовиќ“, изјавил извор близок до пејачката за српските медиуми.

 

Scroll to Top